fbpx

Наместо да се слика, Груевски да одговори за руинираната амбуланта во Дексион

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Срамната одлука на Уставниот суд го потврди изборниот криминал и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалот и корупцијата на Никола Груевски оставија многу населени места во земјава без основни услови за живот.

Наместо да се слика пред камен-темелник на игралиште во Дексион, Никола Груевски кога веќе бил таму, требаше да одговори за руинираната амбулантата во оваа населба.

Во Дексион граѓаните не добиваат соодветни здравствени услуги, лекарите немаат основи услови за работа, а Груевски е човекот кој за три години потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда.

Со овие 20 милиони евра, 80 села во цела Македонија можеа да добијат современа амбуланта со медицински персонал.

Ужасната слика на руинираната амбуланта во Дексион го отсликува срушениот здравствен систем во Македонија, додека Груевски и неговата банда единствено мислеа на тендери и провизии од споменици тешки 630 милиони евра.

Со овие пари, ќе се решеа сите проблеми во здравството. Но, здравјето на граѓаните за Груевски не е важно.

Никола Груевски и Никола Тодоров се творците на хаосот во здравството во Република Македонија.

Тоа го потврдуваат и меѓународни истражувања според кои Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а а прво место како држава во која најстресно се живее.

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството.

 

Скопје, 17.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести