fbpx

Демант од Министерството за труд и социјална политика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Во врска со написите во одредени медиуми со слични наслови “Ременски кочи отворање на дневни центри за деца и лица со инвалидност”, како неточни и тенденциозни ги сметаме информациите објавени во медиумите по однос на тоа дека министерката Ташавска-Ременски го кочи отворањето на дневен центар за деца со попреченост. Напротив, за да биде јавноста точно информирана станува збор за постапка за реновирање и опремување на простории за објект на дневен центар за деца со пречки во развојот во Неготино.

Како и за многу проекти кои беа помпезно најавувани, но не беа отпочнати постапките се презеде обврска да бидат реализирани иако за многу од нив воопшто и не постојат предвидени средства за реализација. Како и за многу други важни работи, така и за многуте проекти кои се најавуваат во интерес на граѓаните, желбите ги надминале финансиските можности на инвеститорот.

За конкретниот случај, навремено е започната постапката за дневниот центар во Негорино:

На 29.02.2016 година е донесена Одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а на 11.03 е објавен јавниот оглас. Веднаш потоа ќе следи одлуката за набавка и монтажа на опрема за дневниот центар – постапка што следи по реновирање на просторот во ЈУ МЦСР Неготино. Пуштањето во употреба на реновираните простории ќе се случи во предвидениот рок јуни 2016 година.

Во обидот да се прикрие лажното душегрижништво и заборавените интереси на граѓаните, провладините медиуми платени со народни пари безуспешно се обидуваат да фрлат сенка на законското работење на министерката.

Во врска со ваквите написи во одредени медиуми со слични наслови “Ременски кочи отворање на дневни центри за деца и лица со инвалидност”, должни сме како Министерство за труд и социјална политика да ги демантираме овие груби невистини кои постојано произлегуваат од една иста кујна!

Имено, вистината е дека министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ќе остане запаметена како министер кој што покажал сенс за ранливите категории на граѓани без притоа да манипулира со нивните чувста и потреби.

Вистината е дека не станува збор за никакви кочења на отворање на наведените дневни центри бидејќи истите веќе работат, а согласно со Акцискиот план за отворање на дневни центри во Република Македонија усвоен од Владата на Република Македонија, а до чиј “извадок” очигледно одредени медиуми многу лесно дошле, предвидено е нивно реновирање, а не отворање. Некој нешто погрено им “дошепнал на истражувачки настроените медиуми”!

Во однос на обвинувањата, цитираме: “Обидот да се дојде до одговори од ова министерство е секогаш безуспешен. Ташевска Ременски се служи само со обвинувања кон медиумите кои критички известуваат за нејзината работа”, сакаме да потсетиме дека министерката за труд и социјална политика цени дека одредени медиуми ќе добијат одговори тогаш кога ќе започнат да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и кога ќе почнат за објавените невистини и лаги да ги објавуваат демантите и реакциите на министерството. Во овој момент оценката е дека некои редакции не ги почитуваат професионалните стандарди.

 

Последни вести