fbpx

Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Зоран Ставрески, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, скриен како во бункер очајно се обидува да го спаси својот кумашин инволвиран во криминал до гуша.

Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Зоран Ставрески денес објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра.

Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани ви земјава.

Единствена грешка кај него беше темпото кое покажуваше задолжување од 3 евра во секунда.

Вистината е дека Владата на РМ, преку Министерството за финансии, во првите 75 дена од годината ги задолжува граѓаните на Р.Македонија со темпо од 9.5 евра во секунда.

Притисоците од страна на режимот кон институциите, судството и науката, само за кратко можат да ја одложат неизбежната казна кон сите оние кои прават злодела врз својот народ.

 

Скопје, 16.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести