fbpx

Прилепски административци на сила донесени пред Уставен суд!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Власта на ВМРО-ДПМНЕ со закани и притисоци за работните места, ги присилува вработените од државната и јавната администрација од Прилеп, да го бранат криминалот на Груевски, пред Уставниот суд на Р. Македонија.

Сепак и покрај таквиот притисок, вчера автобусите од Прилеп со коишто насила и под притисок се пренесуваа вработените од училиштата и Јавните претпријатија, тргнаа полупразни.

Свесни дека треба да бранат одлука на Уставен суд со којашто покрај криминалот и кражбите на изборите, ќе се овозможи ослободување на осуденици за силување и педофилија, очигледно и партиската администрација крева раце од Никола Груевски.

Поранешниот премиер Никола Груевски и криминалната банда околу него, исправени пред можноста да завршат во затвор, ќе направат се само да ја спасат сопствената кожа!

Контра – протестите со намера граѓаните да се судрат со граѓани, се само дел од сценариото на поранешниот премиер Никола Груевски, коешто веќе не поминува!

Присебноста на над 12 илјади граѓани коишто достоинствено протестираа против срамната одлука на Уставниот суд и не подлегнаа на провокациите, покажа дека Македонија се буди.

Доаѓаат промени!

 

 

Последни вести