Филипче: Кандидат за уставен судија советник на премиерот, ако тоа не е мешање во правосудството што е?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија остро реагираше на, сериозната партизација на судството и обвинителството.

„Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново. Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од 2006 до 2016 година. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата.“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека јавноста веќе гледа конкретни примери на таквото однесување.
„Еве гледаме како се поставуваат судии и обвинители, роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме како не реагираат за скандалите коишто ние ги објавуваме секојдневно. Еве имаме кандидат за уставен судија советник на премиерот. Па, ако тоа не е мешање во правосудството што е?“, потенцираше Филипче.

Тој дополнително укажа на однесувањето на премиерот.

„Вистинското прашање е зошто нема одговори од институциите? Тоа е вистинското прашање. Зошто премиерот глуми истражител, и полицаец, и судија, обвинител и оди се слика и открива тајни локации којшто ги користи Министерството за внатрешни работи и за други работи од стратешко значење за безбедноста на државата.“, рече Филипче.

Претседателот Филипче повлече дека затоа нема реформи во правосудството.
„Ништо не се спроведува за да се направат вистински реформи во правосудството. Факт е дека не се прифаќаат препораки од оценската мисија за новите закони коишто требаше да се донесат, односно само парцијално се имплементираат. Факт е дека се поставуваат луѓе коишто се роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.