Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски.

161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.

51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.

Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.

Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.

Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.

Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски.

Ова не е само непотизам и партизација. Ова е ОКГ – Организирана криминална група.

ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.

Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски.