ВМРО – ОКГ нема одговор за 5 тони дрога, има дефокус со измислени напади врз Филипче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секогаш кога ВМРО-ОКГ (Организирана криминална група) нема одговори за скандалите и криминалните афери на власта, како последниот нарко-скандал со 5 тони дрога, веднаш дефокусира со измислени напади врз претседателот Филипче.

Само се измислуваат нови и нови лаги за да се покријат претходните. Така работи кујната за лаги на ВМРО-ОКГ.

Прво беше зграда во Дубаи од 42 ката, од тоа ништо, па измислија ново, Сент Мориц, па Венеција, па го извадија Жан, и од тоа ништо.

Што ли не измислија. Уште се обидоа претседателот Филипче и наркоман да го направат.

Срамота, Филипче е доктор, човек кој лекува луѓе.

Сега најново, Филипче немал елаборат за струја за модуларната болница во Тетово.

ВМРО-ОКГ само покажува колку ниско може да паднат.

Но, не поминува веќе политика на дефокус.

На сите им е јасно кога нема одговори одат црни кампањи, јавен линч и дефокус.

Одговорете како 5 тони дрога поминаа преку граница и кој ќе одговара?

Кој е Симе, кој има цел албум слики со Мицкоски?

Дали со Симе, заедно пеат за Шешељ?