fbpx

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски денеска се сретна со претставници Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми.

Тема на средбата беа неопходните реформи во медиумите во Македонија.

-Сегашниот систем на медиумска пропаганда и на манипулации во информирањето мора да биде срушен поради тоа што е корумпиран и недемократски, им штети на професионалното новинарство и на правото на граѓаните да бидат објективно информирани, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека прашањето за реформи во медиумите не е само обврска што произлегува од Договорот во Пржино и од Извештајот на Прибе, туку децидно ја бара и Европската унија во Извештајот за Македонија, меѓу условите за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјава.

-За иднината на Република Македонина во моментов нема ништо поважно од фер, регуларни и демократски избори. Нема кредибилни избори без медиумски реформи, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше за потребните медиумски реформи, при што е посветено внимание на ставовите на претставниците на медиумската заедница во Република Македонија, што СДСМ и сега и во иднина ќе ги зема предвид.

-Неопходно во овој процес, во функција и на фер и кредибилни избори, е департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми (АВМУ) и на јавниот сервис МРТВ, коишто се сега партиски испостави на актуелната власт, преку учество на експерти, соопшти претседателот Заев на попладневната средба.

 

 

Последни вести