Мицкоски во Минхен, појаснување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Појаснување за премиерот Мицкоски, да не биде во заблуда, ако не му било јасно во Минхен.

Средбата со холандскиот премиер, вели имале три теми.

Прво, Холандија има легализирана употреба на марихуана. Тоа не е исто како кај нас. Кај нас станува збор за одгледување на канабис само за медицински цели. Тоа може да биде сосема друга тема.

Она што беше префрлено преку македонската граница не е медицинска, туку опојна дрога. Затоа е проблемот со овие 5 тони и со тоа кој е одговорен.

Второ, Светска банка и ММФ не се исто со банки со сомнителен капитал, со перење пари – тоа е проблемот, затоа не им беше дозволено да купат европска банка.

Евроинтеграциите се прават така што се прифаќаат препораките од ЕУ и не се прават намерни кавги со соседите. Интеграција не значи изолација.

Мицкоски вели и дека говорот на Марко Рубио бил „исклучиво инспиративен“, додека го слушал од клупата во Минхен.

Не знаеме дали му кажале како ДЕА дошла до сознанија за постоење на 5 тони дрога, произведени и потоа префрлени во Србија за понатамошна дистрибуција – можеби токму тоа го инспирирало.

Некој треба да му каже дека тоа што Рубио го рекол, а тој го повторил, дека соработката во областа на безбедноста не мора да биде само со НАТО членки, не се однесува на „Ноќните волци“ и на Русија.