fbpx

Николовски: Одговорност за оние што ги краделе парите од земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Гоце Чакаровски денеска беа помеѓу жителите на Битола, Поешево, Долно Оризари и Цапари.

Дождот не ги спречи граѓаните. Сакаат да зборуваат за проблемите што ги мачат и се надеваат дека работите брзо ќе се променат. Очекуваат промени на фер избори.

– Груевски никаде го нема да ни објасни што се случи со млекарата. Дојдоа, си земаа пари и си заминаа. Не излажаа и за млекарата и за Битолско поле. Ни наплаќаа огромни суми пари, демек за наводнување, а подоцна не оставија на цедило. Не добивме ниту земјиште а субвенции немаме земено за цели години. На секој чекор само лаги од оваа власт. Мора да се смени нешто. Вакви беа сведоштвата на жителите на овој регион.

-Знаеме колку е тешка состојбата поради негрижата на оваа власт во заминување. Секој ден откриваме нови и нови злоупотреби. Парите, наместо кај вистинските земјоделци завршувале кај луѓе блиски до фамилијата. Ги охрабруваме сите граѓани кои се соочуваат со вакви проблеми да ги достават до министерството. Никој не смее да си поигрува со маката на вистинските земјоделци. Секој којшто се огрешил пред законот мора да одговара, возврати Николовски.

Тој презентираше и дел од мерките во програмата на СДСМ.

-Веднаш по смена на власта ќе извршиме ревизија на земјоделското земјиште. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. Дополнително, СДСМ ќе ги намали трошоците на земјоделското производство, ќе обезбеди поевтини вештачки ѓубрива а ќе ја воведе и зелената нафта. Државата ќе овозможи пласман на земјоделските продукти по достоинствени откупни цени. Програмата на СДСМ е победничка и носи решенија коишто ќе го подобрат животот на граѓаните, на земјоделците, посочи Николовски.

Промените ќе се случат на фер и демократски избори. Слободните медиуми и прочистувањето на избирачкиот список се клучните услови што треба да се исполнат за фер, слободни и демократски избори.

-Хаосот во избирачкиот список покажа дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе не само парите од граѓаните туку го краделе и слободниот глас, го краделе правото на граѓаните слободно да одлучуваат. Хаосот со списокот мора да се расчисти и сите оние коишто учествувале во изборен криминал да одговараат согласно законот, рече Николовски.

 

 

Последни вести