Соопштение за јавност
Денеска и Гордана Сиљановска се истакна пред граѓаните, и таа сакала нов, уште поголем авион.
Најмногу летала со владиниот авион, дури 13 пати, и не сака да каже колку тоа ги чини граѓаните. Никогаш се нема јавено за ниските плати на работниците, за поскапувањата… ама денеска се јави, сака уште поголем уште полуксузен авион.
Сите они сакаат да се луксузираат на грбот на народот, ништо не им е доволно големо, ништо не им е доволно.
Само за платите на работниците кога ќе стане збор, тие се доволни, никако да ги покачат.
600 евра минимална плата за нив е премногу, авионите им се мали.
Воопшто не е точно дека со комерцијален лет е поскапо, летот со владиниот авион чини и до 40 илјади евра, така што карта во економска класа е далеку поевтино.
Освен ако и неа како Мицкоски не ја болат колената па да треба и за неа бизнис класа со карта од 4000 евра?
Кој тоа претседател на државата зборувал за авионот?
Ги праша ли Гордана Сиљановска нејзините колеги претседатели што мислат за тоа што македонските работници имаат најниски плати и во Европа?
Што мислат за тоа што минималната плата во Македонија е најмала во регионот?
Или што животниот стандард на македонските граѓани е најнизок?
За тоа не и се зборува за Сиљановска, само за луксузи и авиони.
Срамота!


