fbpx

Партизираното судство е поврзано со медиумските курири

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Партиско-фамилијарните испостави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството се поврзани и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Затоа повеќе од две недели нема одговор на прашањето дали позицијатата директорка за регулатива и големопродажба во Телеком во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева.

Главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми.

 

Скопје, 12.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести