Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите.

Ова е срамно и безобразно.

Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот.

Бараат минимална плата од 600 евра за да можат да ги прехранат своите семејства и да платат сметки.

Законот на СДСМ за 600 евра минимална плата е на дневен ред во Собранието.

Еве шанса власта да биде конструктивна, заради работниците. Дадовме предлог со конкретно решение, поддржете го.

Пари има. Со ребаланс на буџетот, наместо авион, наместо мебел, нови коли, луксузни кабинети, патувања, репрезентации, тендери може да се пренаменат за 600 евра минимална плата.

Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците.