fbpx

Граѓаните од цела Македонија се вклучија во прочистувањето на избирачкиот список

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со празните соопштенија не можат да ја сокријат вистината што излегува како шило во врска со хаосот во Избирачкиот список.

Се покажа како Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и како го краделе правото на слободен глас на граѓаните.

Граѓаните ставаат крај на хаосот и заедно со СДСМ се вклучија во акцијата за прочистување на избирачкиот список. Преку телефонскиот број што го отвори СДСМ граѓаните постојано пријавуваат изборни нерегуларности.

Граѓаните се обединети околу потребата за слободни, фер и демократски избори и обезбедување на првото еден човек-еден глас.

Граѓаните знаат, чистењето на избирачкиот список значи чистење на криминалните шеми на Никола Груевски преку фалсификување на нивната реална и слободно изразена волја.

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори. Оние што правеле изборни измами ќе одговараат согласно законите.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

Скопје, 10.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести