fbpx

Државниот завод за статистика објавува небулозни соопштенија без економска логика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како и сите други институции коишто се партизирани, покрај Уставниот суд, последниве два дена Државниот завод за статистика е епицентарот од којшто треба да се лиферуваат невистини и небулози.

Никола Груевски неповратно заминува во историјата и ниту едни манипулации со статистичките бројки не можат да го спасат.

Само со директиви по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ послушниците од институциите можат да излезете со податоци што немаат никаква економска логика.

Самопартизирана институција која е притисната да продуцира розови бројки на коишто не им верува ниту самиот Никола Груевски може да излезе со соопштение како денешново.

Денес Државниот завод за статистика објавува раст на БДП за 2015 од 3,9 проценти при што најголемите контрибутори (создавачи) во БДП – земјоделското производство и индустријата бележат пад односно стагнација.

Како и сите години до сега, ДЗС својата статистичка гимнастика се обидува да ја корегира со уште еден измислен енормен раст на градежништвото.

Најверојатно ниту во Северна Кореја повеќе не може да помине податокот дека во иста година градежништвото рестело со 16 отсто а бруто инвестициите имаат раст НУЛА.

Добрата вест е што никој повеќе, а пред се меѓународните финансиски институции не веруваат на податоците кои ги објавуваат партиски окупираните државни институции.

Слободата доаѓа а со тоа и вистинските бројки и слика за економскиот пустош кој го направи оваа влада во заминување.

 

Скопје, 10.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести