fbpx

Груевски не ги покрива лагите за 7.000 вработувања со ново сечење ленти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО ДПМНЕ наместо да ги брани очајните потези на Груевски треба да им објасни на граѓаните зошто во третиот квартал од 2015 година имаме најниско ниво на странски директни инвестиции од само 3,5 милиони евра.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски им должат објаснување на граѓаните за тоа каде завршуваат нивните пари што тие расипнички ги фрлаат во виртуелни инвестиции кои откако ќе ги искористат поволностите што им се нудат, си заминуваат и оставаат работници на улица?

Виртуелните инвестиции на Груевски повеќе не можат да се сокријат.

Секојдневно гледаме како стотици работници остануваат на улица.

ВМРО-ДПМНЕ да им одговори на граѓаните дали турската фирма Веибо дели откази на работници и дали својата инвестиција ја сели во соседна Србија?

ВМРО-ДПМНЕ да одговори и за 140-те работници од американската фирма Гентерм на коишто договорите за работа не им се продолжени, а таму Груевски ветуваше повеќе од 2.000 вработувања?

Срамот на Груевски што ги излажа граѓаните за виртуелни 7.000 вработувања во Веибо и Гентерм ниту едно сечење на ленти и снимање пред камери нема да го исперат.

Благодарение на виртуелните политики што ги спроведуваат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ околу 1.000 работници од рудниците Тораница и Добрево останаа без работа. Инвестициите на Груевски му бегаат.

Повеќе од 50-тина вработени од Берово исто така останаа на улица затоа што и турската Улак Амбалаж си замина од земјава.

Во Свети Николе Груевски излажа за 450 вработувања бидејќи најавениот холандски инвеститор не отвори фабрика за печурки. Уште поскандалозно, Груевски се договарал со него да му даде бизнис иако тој во сопствената земја е првоосомничен за затајување на данок од 10 милиони евра.

Илјадници наводни вработувања од виртуелни инвестиции има само во главата на Груевски и на медиумите под негова контрола кои му помагаат да ја лаже јавноста.

Во реалноста граѓаните и посебно младите си заминуваат од Македонија во потрага по работа и егзистенција.

Граѓаните ќе ги казнат Никола Груевски и неговата власт кои им одзедоа 10 години живот.

Промените почнаа. Доаѓа одговорна Влада што граѓаните ќе и ја дадат честа да ја води СДСМ.

СДСМ ќе обезбеди реални вработувања во економски стабилни домашни претпријатија што ќе добијат државна помош до 50 милиони евра како и услови за реални странски инвестиции.

Скопје, 09.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести