fbpx

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од слободно изразената волја на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од одговорноста за изборниот криминал и од слободно изразената волја на граѓаните на фер избори.

Хаосот којшто реално постои со избирачкиот список стана видлив по неговото јавно објавување.

Се покажа како Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и го краделе правото на слободен глас на граѓаните.

Затоа граѓаните ставаат крај на овој хаос и заедно со СДСМ се вклучија во акцијата за прочистување на избирачкиот список.

Преку телефонскиот број што го отвори СДСМ граѓаните постојано пријавуваат изборни нерегуларности.

Граѓаните знаат, чистењето на избирачкиот список значи чистење на криминалните шеми на Никола Груевски преку фалсификување на нивната реална и слободна волја.

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори. Оние што правеле изборни измами ќе одговараат согласно законите.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

Скопје, 09.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести