Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од собраниската говорница, на седницата за пратенички прашања, директно го обвини премиерот Христијан Мицкоски за лошата состојба во која е земјоделството, потенцирајќи дека нема сектор во земјоделството во кој нема проблем.
„Кога сме кај земјоделството, што да се праша за земјоделството? Нема сектор во којшто нема проблем. Се ветуваа повисоки откупни цени, повисоки субвенции. Тутунарите се соочени со помала сума на пари, субвенции од 100 на 80 денари за прва класа тутун, лозарите со помала откупна цена на килограм грозје. Понатаму, сточарите со помала цена по грло добиток од 12 на 8.000 денари. Преполовена е откупната цена на оризот. Млекото веќе и нема кој целото да го откупува. Па зашто не ги оставите лозарите да се договорат за откупната цена со лозарите? Туку и тогаш владата интервенира“, истакна Филипче.
