fbpx

Партиските послушници во Уставниот суд туркаат партиски одлуки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Покрај бројните реакции на јавноста, граѓаните, експертите, професорите по уставно право, партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд продолжуваат да ги туркаат партиски диригираните одлуки.

Срамните одлуки на Уставниот суд, наместо да го штитат, го уриваат уставот и поттикнуваат кршење на законите, во обид да го заштитат изборниот криминал на Никола Груевски.

Партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски за изборните измами.

Поради партиска поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, кај судиите во Уставен суд, Елена Гошева и Јован Јосифовски, постои конфликт на интереси и тие треба да поднесат оставки на функциите.

Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорност за изборниот криминал.

Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Скопје, 09.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести