fbpx

Груевски прво нека каже зошто излажа за 7.000 вработувања во Веибо и Гентерм

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали турската фирма Веибо груп во Скопје дели откази на вработените?

Дали наводната фабрика на Веибо груп во Ранковце со наводни 5.000 вработени што ги најави Никола Груевски ќе остане уште една виртуелна инвестиција на заминатиот премиер?

Дали со отпуштања на вработени во административниот центар на Веибо груп во Скопје почнува да се реализира најавата на турската фирма дека се предомислува за Ранковце и бизнисот сепак го селат во соседството?

Ако е така, зошто ова се случува и каква штета ќе има врз граѓаните на Република Македонија?

Никола Груевски лично има обврска да им објасни на граѓаните!

Денеска кога Никола Груевски ќе се фотографира во Илинден и во Кичево, нека каже прво зошто излажал за Веибо груп и Гентерм!

Во прилог на ова соопштение се фотографии од Ранковце каде досега, според Груевски, требаше да има фабрика и 5.000 вработени.

Локацијата е ископано земјиште и пустелија. Само таблата за виртуелната инвестиција и асфалтирана писта за хеликоптерот на турскиот инвеститор кој никогаш не слета во Ранковце сведочат за филмот на Груевски.

Бројот на вработувања наместо 5.000 е нула.

Груевски треба да излезе и да каже и дали навистина не се продолжени договорите и на 140-мина вработени во американската инвестиција Гентерм каде тој најави повеќе од 2.000 вработувања?

Груевски треба да одговори во чии џебови завршуваат милионите евра пари на граѓаните?

Граѓаните знаат дека додека власта на Груевски 10 години ги затвора и казнува домашните претпријатија, им дава големи поволности на странски фирми, кои во најголем дел откако ќе ги искористат државните поволности и парите, си заминуваат.

Од Македонија заминаа и индиската компанија Индоминерали, турската фирма Улак Амбалаж, не дојде холандскиот инвеститор во Свети Николе кој излезе дека бил првоосомничен во неговата земја за затајување данок од 10 милиони евра…

Додека Груевски и неговата власт секојдневно лажат за виртуелни инвестиции и се занимаваат со тендери, бројот на луѓе кои остануваат на улица постојано расте.

Граѓаните ќе ги казнат Никола Груевски и неговата власт кои им одзедоа 10 години живот.

Промените почнаа. Доаѓа одговорна Влада што граѓаните ќе и ја дадат честа да ја води СДСМ.

СДСМ ќе обезбеди реални вработувања во економски стабилни домашни претпријатија што ќе добијат државна помош до 50 милиони евра како и услови за реални странски инвестиции.

Скопје, 09.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести