fbpx

Пријавете нерегуларности во избирачкиот список

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

СДСМ се става на располагање на сите граѓани за што отвори и посебен телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во избирачкиот список.

Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

Последни вести