Соопштение за јавност
Jавноста секојдневно се запознава со нови и нови примери за хаосот во Избирачки список.
Огромниот број на лица, запишани на иста адреса и фантомските гласачи го потврдуваат она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.
Секој нов пример отвора нови нелогичности, нови сомнежи.
На една адреса во Скопје каде што се запишани вкупно 66 лица, еден гласач, со исто име и презиме е запишан и на адреса во Ресен и на адреса во Демир Хисар.
На друга адреса во Скопје кадешто се запишани вкупно 30 лица, двајца гласачи од таа адреса со исти имиња и презимиња фигурираат и на адреса во ресенско.
Хаосот којшто реално постои со избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред го крадела на граѓаните правото за глас.
Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.
Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
СДСМ се става на располагање на сите граѓани за што отвори и посебен телефонски број за пријавување на нерегуларностите во избирачкиот список.
Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.
Скопје, 09.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА