fbpx

Николовски во Куманово: Промените носат вистински решенија за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со членот на Извршниот одбор, Максим Димитриевски денеска ги посетија жителите на Долно Коњаре, Горно Коњаре, Љубодраг и Лопате во општина Куманово.

Граѓаните зборуваа за секојдневните проблеми, тешката живеачка, и погрешните политики на Груевски и фамилијата во земјоделието.

-За какви субвенции зборуваат тие од власта? Додека ние мака мачиме за да заработиме за корка леб, други земаат државни пари, добиваат државно земјиште кое воопшто не го обработуваат. Децата ни заминуваат од државата! Без работа сме, само празни ветувања од Никола Груевски, тие си ги наполнија џебовите а за нас им е гајле!, ова беа само дел од жалните сведоштва на жителите на овој регион.

-Имаме реална и остварлива Програма, тим на чесни и вредни луѓе со кои сакаме да изградиме општество еднакво за сите. Предвидуваме зголемување на субвенциите на 160 милиони евра коишто ќе бидат навремени и ќе завршуваат кај вистинските земјоделци. Имаме конкретни мерки за подобрување на состојбите, меѓу коишто инвестиции од 10 милиони евра во системите за наводнување, секоја година, воведување на зелената нафта, државна социјална пензија за сите, рече Николовски.

Николовски зборуваше за огромните криминали во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за тоа како парите на граѓаните завршувале во џебовите на фамилијата и луѓето блиски до власта во заминување.

– Изборните криминали очигледно биле договарани во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го покажа избирачкиот список откако се објави во јавноста. Нема бегање од одговорноста, сите вмешани во изборни измами мора да одговараат, рече Николовски.

Откривме дека преку Министерството за земјоделство огромни пари се слевале во фримите коишто стојат зад медиумите што шират лаги. Наместо кај земјоделците парите завршувале во фабриката за лаги на Никола Груевски. Поднесовме неколку кривични пријави за овие злоупотреби. Не застануваме, секој што го прекрешил законот ќе одговара, додаде Николовски.

Без слободни медиуми и објективно информирање на граѓаните и без прочистување на избирачкиот список, во Македонија нема услови за фер и регуларни избори, рече Николовски.

 

 

 

Последни вести