На грбот на граѓаните власта профитира по промена на начинот на уредување на цените за горивата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Регулаторната Комисија за енергетика во ек на нафтена криза го смени начинот на одредување на цените на горивата во Македонија и наместо секој ден во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, го утврди еднаш недело, на 7 дена.

Резултатот е огромни колони на бензинските пумпи и профит врз грбот на граѓаните.

Денес цената на нафтата на берзите се движи од 84 до 86 долари за барел и е поевтина во споредба со цената од 96 евра во петокот, кој го направи високиот просек за вчерашното поскапување од 20% на цената на дизелот.

Да важеше стариот начин на пресметка, денес РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и веќе од утре граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин.

Вака, поради избрзани и штетни одлуки на РКЕ, граѓание цела недела ќе плаќаат поскапи деривати, околу 3 милиони евра повеќе за само 7 дена.

Дали намерно е сменет Правилникот?

Очигледно поради празниот буџет, на владата на Мицкоски и одговара поскап бензин, за повеќе пари од акциза и ДДВ.

Сè е бизнис за Мицкоски и неговата Влада.