ВМРО му води кампања на Богдановиќ: ЗНАМ се распаѓа, се прави нова сателит-партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска-портпаролка

ВМРО очигледно води кампања за Богдановиќ, иако тој ниту е член на СДСМ, ниту има врска со нашата партија одамна. Тој беше дел од ЗНАМ сега во режија на ВМРО го напушта ЗНАМ.

Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ, веќе е целосно маргинализиран и се дели.

Она што СДСМ им го најави на граѓаните уште пред еден месец сега се потврдува. По рецепт на Вучиќ и СНС сега кај нас се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО – „Српска демократска лига“.