fbpx

По промените доаѓа правдата и вистинското владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ ли денеска зборува за судството во Македонија?

Вистината за Македонија покажа дека правосудниот систем во Македонија бил во рацете на познатата тројка, Груевски, Мијалков и Јанкуловска. Местеле судии и обвинители за сопствени потреби и цели. Тоа се судиите од тефтерчето.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се дел од проблемот на партизираното правосудство во Македонија.

Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, го рушат функционирањето на правдата и правната држава во Република Македонија. Преку срамни одлуки на Уставниот суд се прават обиди да се заштити дури и изборниот криминал што го спроведувале најблиските соработници на Никола Груевски.

Груевски сеуште го нема во јавноста да излезе и да каже која е неговата улога во злосторничкото здружување.

Злосторничко здружување на високи претставници на партијата на власт само за да задржат локална и централна власт е сериозно сомневање и затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог?

На Никола Груевски треба да му биде јасно дека со молчење и бегање нема да се спаси од одговорност.

Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот доаѓа по промените, кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните.

Секој оној што сторил криминал, ќе одговара. Законот ќе важи за сите.

По промените доаѓа правдата и вистинското владеење на правото.

Скопје, 02.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести