fbpx

Се појави уште еден Субрата на Груевски во Свети Николе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов Субрата Рој им се случува на граѓаните на Р.Македонија од матните зделки на Никола Груевски.

Втор пат граѓаните на Свети Николе се излажани од Груевски за наводни инвестиции за коишто како инвеститори се појавуваат лица со сомнително криминално минато.

Првоосомничен на организирана криминална група, кој направил даночна измама од околу 10 милиони евра во својата земја е холандскиот инвеститор на Груевски кој требаше да отвори фабрика за печурки во Македонија.

Ова го пренесуваат медиуми за холандскиот инвеститор кој требаше да донесе наводна инвестиција од 25 милиони евра и да отвори 450 работни места во Свети Николе.

Разбирливо е Груевски што договарал виртуелна инвестиција со шеф на криминална група, бидејќи и самиот тој е шеф на уште поголема криминална група во Македонија, којашто набргу ќе се соочи со правдата и ќе одговара за сите злодела што им ги направила на граѓаните на Р.Македонија изминативе 10 години.

Зошто Груевски пред две години кога удираше темели и сечеше ленти во Свети Николе на непостоечка фабрика за печурки, не им кажа на граѓаните дека на холандскиот инвеститор на кого му запленуваат фабрика, зграда, приватен авион во неговата земја, се соочува со обвинение?

Напротив Груевски одлучи да го ослободи контроверзниот инвестититор според пишувањата, од сите комунални давачки, повторно на штета на граѓаните како во случајот со Субрата Рој.

Криминалните шеми на Груевски со виртуелните странски инвестиции се разоткриваат.

Граѓаните знаат дека токму Груевски и неговиот кум Ставрески ги излажаа за илјадниците виртуелни работни места на Субрата Рој, коишто никогаш не се случија.

Двете илјади крави на Субрата Рој никогаш не се појавија на земјата којашто им беше одземена на луѓето за да му биде подарена на Субрата Рој, кој сега во моментов е во затвор за измами и финансиски малверзации.

Се разоткрива и криминалното друштво на Груевски.

Завршува времето на криминалните шеми на Груевски!

Новата одговорна Влада што ќе добие чест да ја предводи СДСМ ќе обезбеди реални странски инвестиции и пред се силни домашни претпријатија што ќе ги поддржи државата, коишто ќе отворат реални и добро платени работни места за граѓаните.

 

 

 

Последни вести