fbpx

20 часа пропаганда, уште една потврда зошто е неопходна слободата на медиумите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумите на Никола Груевски продолжуваат да ја кријат вистината од граѓаните и да шират лаги во одбрана на криминалот на фамилијата.

Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.

За период од еден месец, од 01.02.2016 до 29.02.2016 година, на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 19 часа и 57 минути.

Тоа се 20 часови континуирана, секојдневна пропаганда.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема.

Ама затоа негативните прилози за СДСМ се со времетраење од 9 часа и 48 минути.

Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

 

 

 

Последни вести