Соопштение за јавност
Наместо Никола Груевски да даде одговори за злосторничкото здружување и постапките за изборни измами, тој денеска повторно ја покажа желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја поклопува државата на централно но и на локално ниво.
Во кое својство денеска Никола Груевски се појавува во Гази Баба да отвора проекти платени со парите на граѓаните?
Ова е уште една злоупотребата од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и мешање на партијата со државата.
Одвоеност на партијата со државата е критика во сите меѓународни извештаи и барање на целокупната меѓународна заедница да се реши како проблем во Македонија.
Јасно е дека Груевски не може да се помири со фактот дека неговото време заврши. Доаѓа времето на промени, доаѓа времето на европски вредности.
Секој што го прекрши законот ќе одговара. Тоа Груевски најмногу го плаши.
Скопје, 26.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА