Соопштение за јавност
По повод дванаесетгодишнината од трагичната смрт на Борис Трајковски, поранешен претседател на Република Македонија, денеска, делегација на СДСМ, оддаде почит кон заложбите и залагањата на Борис Трајковски за Република Македонија.
Делегацијата предводена од Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски.