fbpx

Уште еден пример зошто се потребни реформи за слободни медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски не сака слободни медиуми и по секоја цена сака да избега од реформите на медиумите.

Уште еднаш се потврди за што служи медиумскиот мрак платен со милиони евра, пари на граѓаните, за ширење лаги и криење на вистината од граѓаните.

Еве што покажуваат резултатите од мерењата на прилозите на медиумите уредувани од Никола Груевски:

За период од една недела, од 16.02.2016 до 22.02.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа, емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5 часа и 58 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 2 часа и 22 минути.

Наспроти 5-те часа и 58 минути позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ позитивните прилози се во времетраење од 29 минути.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми.

Но, ништо повеќе не зависи од Никола Груевски.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори.

Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Скопје, 25.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести