Соопштение за јавност
Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ.
Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!
Еве што покажува анкетата.
Пазарниот барометар, односно покачувањето на цените е директно врзано со покачување на рејтингот на Мицкоски.
Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%.
Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%.
Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%.
Граѓаните позитивно оценуваат и сметаат дека сите цени се ниски.
Така на пример, на прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле „ДА, и тоа веднаш“!
За цените на горивата 95,5% од граѓаните велат дека треба уште да растат затоа што се најниски во регионот.
Огромо задоволство на граѓаните има и во однос на покачувањето на платите – 120%!
99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра, дека е тоа премногу.
На прашањето дали Христијан Мицкоски треба да купи авион – 97,7% рекле децидно „ДА“!
Дали му верувате на Христијан Мицкоски – 1000% велат граѓаните.
Силна поддршка од граѓаните има и за омилените на ВМРО-ОКГ:
Харис Џиновиќ 92%
Артан Груби 100%
Катица Јанева, за три години – скок од 100%
Боки 13 – 50%.
Башановиќ-26%.
Во делот на надворешна политика исто така огромно задоволство.
Дали државата оди во правец на ЕУ – 1.000.000% велат „ДА“!
Како ви се допаѓа почесниот конзул Адамовиќ? – над 500% рекле „Одлично“!
До следното јавување и огромното задоволство на граѓаните следете ги анкетите на ВМРО-ОКГ!





