Соопштение за јавност
Македонија нема децении за губење, иднината на државата и на граѓаните не смее да биде ставена во застој и неизвесност, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта нема право да ја држи државата во изолација и да ја краде.
„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи, тоа се животите на нашите деца, и на нашите внуци. Македонија нема децении за губење! Оваа земја не е создадена за да чека, за да стои во место, да се плаши во неизвесност и да се затвора во изолација. Македонија е создадена за да оди напред, да напредува, да биде слободна, демократска и европска земја. Македонија не е создадена за власта да ја краде, да го пљачка народот, и да ја држи во неизвесност. Ова е прашање за иднината на државата“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче порача дека СДСМ со коалициските партнери се подготвени да се спротистават на погрешните политики на власта и да се борат за европска иднина на државата.
„СДСМ и целата коалиција сме подготвени да се спротивставиме и силно ќе се спротивставиме и ќе ја водиме борбата за европска Македонија. Ве повикувам сите да се приклучите. Да се обединиме околу идејата за напредна, европска Македонија. Против изолацијата, против криминалот и корупцијата. Да живееме во нормална држава, со европски плати и животен стандард, со нула корупција, земја во која што младите ќе сакаат да останат“, изјави Филипче.
Воедно, тој додаде дека нема да дозволи да ја снема ниту темата ниту сонот на граѓаните за членството на Македонија во ЕУ.
„Јас нема да дозволам, СДСМ нема да дозволи да ја снема оваа тема. Да ја снема желбата, да го снема сонот на нашите граѓани за Европа. Напротив ќе се борам, ќе се бориме уште посилно и уште по одлучно. Борбата допрва почнува, ќе ја вратиме нашата држава на европскиот колосек, како што ја внесовме во НАТО така ќе ја внесеме Македонија и во Европска Унија“, порача Филипче.


