Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси.

Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните.

Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении.

Мицкоски ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски.

Какави други договори се прават зад затворени врати?

Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кога ќе падне Орбан, кои ги контролира ВМРО?

Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите?