Лудилото нема крај: Заев работи за ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“.

Лудилото нема крај.

-Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче.

-Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан.

-Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како Шилегов и Депостовски.

-Лажни анкети.

-Секојдневни напади и небулозни прес конференции.

-Совети за „реформи“.

-Постојано, секој ден теми за дефокус, додека народот нема ниту за леб.

Сето ова за само 3 месеци.

Најблиските соработници на Мицкоски, македонскиот Мадуро -Ивона, Латас, Бетмен – кои деноноќно водат црни кампањи против СДСМ и Филипче, веќе не знаат што да измислат и излажат.

По сè, дојдовме до тоа и Заев да работи за ВМРО. Какво лудило.

Анкетите им удрија во глава, полудеа од рејтингот и популарноста.

А ние имаме „толку лош“ рејтинг што секој ден, по цел ден, се занимаваат со СДСМ.