Соопштение за јавност
На меѓународниот ден на шегата во Македонија ништо не е смешно.
Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ се сами по себе несериозна шега но за жал тие се трагедија за иднината на Македонија и за граѓаните.
Граѓаните живеат тешко, платите се најниски во Европа, работниците едвај врзуваат крај со крај.
Економијата оди надолу. Во јануари 2026 година има пад на индустриското производство за 9,4% и историски пад од 61% на странските инвестиции во 2025 година.
Цветаат само криминалот и корупцијата. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.
Правото и правната држава се погребани. Се врати времето на судиите и обвинителите од “тефтерчињата„ и целосната контрола на власта над правосудството. За судии се бираат жени на градоначалници на ВМРО-ОКГ, советници на Мицкоски, се поставува обвинител на кого Мицкоски од собрание му дели задачи.
Се подготвува враќање на Никола Груевски. Преку дискредитација на предметите од СЈО и релативизирање на пресудите за нивно поништување.
Се гуши слободата на говор со декрети во Собранието, се намалуваат медиумските слободи, над 40% од медиумите се под контрола на ВМРО-ОКГ преку Орбан.
На листата на Транспаренси интернешенал Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Паралелено, власта свесно ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за да може да течат криминалните тендери зад грбот на народот.
Додека младите се иселуваат, Мицкоски зборува за чекање децении за ЕУ.
Мицкоски ги предаде македонските национални интереси. Наместо горда, Македонија денеска е на колена.



