Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, укажа дека цените на храната секојдневно растат, а премиерот Мицкоски упорно не презема мерки за да се заштити животниот стандард на граѓаните. Филипче посочи дека наместо да понуди конкретни мерки, Мицкоски се занимава со дефокус, напади и навреди кон СДСМ.
„Повторно го слушнаме премиерот како вика дека нема потреба да се преземат мерки за да се намалат цените на храната. Што треба да чекаат граѓаните? Што е тоа што пратат примерот и владата? Да немаат луѓето што да јадат, тоа ли чекаат? Така ли ја набљудуваат и следат ситуацијата. Зошто премиерот упорно инсистира да ги држи граѓаните во сиромаштија“, рече Филипче.
Тој додаде дека растот на цените на основните прехранбени продукти е очигледен и е сериозен удар врз семејниот џеб на граѓаните, особено во услови кога власта одбива да ја покачи минималната плата.
„Очигледно дека премиерот не оди во маркет и не пазари секојдневно. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти.Поскапува и лебот, бил од 33 до 45 денари, сега е од 35 до 55 денари значи за 5 до 10 %. Млекото од 78 на 85 денари, јајцата беа од 110 до 130 денари, сега се од 130 до 180 денари, зејтинот беше од 90 до 100 денари, сега е од 100 до 120 денари. Најмногу поскапување има кај овошјето и зеленчукот до 300% поскапување“, рече Филипче.
Воедно,Филипче посочи дека и 600 евра не се доволно за граѓаните да ја надминат кризата, а сегашното минорно зголемување на миналната плата од 1.667 денари нема вредност.
„Во оваа скапотија 1.667 денари немаат апсолутно никаква вредност. 8.42 Затоа што кошничката е само зголемена во изминатиот три месеци за 2.500 илјади денари.Што може да се купи со 1.667 денари, 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин, толку“, рече Филипче.
Притоа, Филипче порача дека власта мора да донесе сет мерки и да ги прифати предлозите на СДСМ, за нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизата на горивата за 4 денари и преполовување на патарините, како мерки кои ќе дадат реални ефекти и ќе го заштитат стандардот на граѓаните.
