Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати ВМРО-ОКГ живи како со Дака од црната листа на САД спремаат бизниси во енергетиката. И веднаш почна старото сценарио: дефокус, спинови и Заев.
Наместо одговор – дефокус.
ВМРО вели фирмата на Дака ги исполнила сите услови (читај: му дадовме дозвола затоа што знаеме кој е), сега ќе го исфрлиме (читај: нѐ фатија, па мораме).
Значи Дака работи со ВМРО, ама темата ја префрлаат како СДСМ да е на власт, како СДСМ да работи со Дака.
Не ви поминува дефокусот.
Компанијата на Миодраг Давидовиќ – Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божиновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.
Толку е! Се е јасно.
Перење пари, криминални структури и офшор мрежи, Панама, сомнителен капитал – тоа е моделот на ВМРО-ОКГ.
Во опозиција го напаѓаа Дака, денес – на власт – му отвораат врата во македонската енергетика.
Ова е класичен пример како функционира ВМРО-ОКГ.
Додека граѓаните плаќаат скапа струја, ЕЛЕМ тоне во загуби од над 100 милиони евра годишно – тие договараат бизниси со сомнителни партнери.
И наместо одговори – дефокус.
Нема бегање. Живи сте фатени.
СДСМ бара Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот.
Одговорност мора да има.



