Како фирмата на Дака ги исполнила условите а се наоѓа на црната листа на САД?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштнеие за јавност

И ВМРО-ОКГ и Александар Николовски велат „иако сите услови се исполнети фирмата на Дака ќе биде исфрлена“.

Како тоа фимата на Дака ги исполнила условите кога се наоѓа на црната листа на САД?

Значи договорено е Дака да работи за ВМРО – ОКГ ете како се исполнети условите.

Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати ВМРО-ОКГ живи како со Дака од црната листа на САД спремаат бизниси во енергетиката.

Бидејќи нема одговори за овој скандал, одма почнаа со дефокус.

Ама не ви поминува дефокусот. Граѓаните знаат се.

Дака е внесена заради бизнис мрежата на Мицкоски.

Сега е на потег јавниот обвинител да го истражи скандалот и целата шема на Мицкоски.