Соопштение за јавност
Колку поскапо е доволно за Мицкоски?
Колку поскапа храна, леб, зејтин, јајца, месо, млеко, овошје треба да платат граѓаните за Христијан Мицкоски конечно да преземе мерки?
Цените на горивото во Македонија веќе се покачија за 24 денари по литар и тоа директно се прелева врз растат на цените на храната.
Сè е веќе поскапено.
Ова значи зголемена сиромаштија и намален стандард.
Празни фрижидери, празни џебови а ниски плати. Владата на Мицкоски не прифати да ги покачи платите на 600 евра а сега не презема мерки да им помогне додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Колку поскапо треба да платат граѓаните за Мицкоски да преземе мерки?



