Соопштение за јавност
ВМРО-OKГ со своето последно соопштение јасно и гласно ја призна вината за предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ – случаите за нелегално финансирање, перење пари и изградба на луксузната „Бела палата“ на народни пари.
Наместо да ги дочекаат исходите од судот и да ја докажат својата невиност, тие јавно се пожалија дека обвинителката Ленче Ристоска „ги чувала предметите со години без исход“ за да можат да бидат уценувани како партија.
Со тоа всушност признаваат дека предметите постојат, дека се сериозни и дека партијата била под постојан притисок поради своите финансиски афери.
Кога една партија на власт вели „нè држеа во заложништво со овие предмети“, тоа не е ништо друго освен неволно признание дека има што да се крие.
Наместо да ја поддржат независната работа на обвинителството, тие преку новиот републички јавен обвинител брзо ѝ ги одзедоа предметите на Ристоска, токму кога тие беа во завршна фаза а таа поднесе оставка бидејќи не сакаше да работи под политички притисоци.
Ова не е „прочистување на правосудството“, ова е класично ВМРО-ОКГ однесување кога правдата се приближува, се менуваат правила, се отстрануваат обвинители и се обидуваат да ги застаруваат или да ги „префрлаат“ чувствителните случаи.
СДСМ ја поддржува независната и професионална работа на обвинителите.
Граѓаните заслужуваат правда, а не заштита на партиски криминал и „Бели палати“ градени со сомнителни пари.
Нема застарување за криминал и корупцијата!
Сите ќе одговарате!



