ВМРО-ОКГ ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ јасно ја призна вината за предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ – случаите за нелегално финансирање, перење пари и изградба на луксузната „Бела палата“.

Кога партија на власт ќе каже дека „била држена во заложништво“ со вакви предмети, тоа не е ништо друго освен неволно признание дека има што да се крие.

ВМРО-ОКГ всушност признава дека предметите се реални, сериозни и дека партијата била под постојан притисок поради сопствените финансиски афери.

Како што очекувавме, тие преку новиот јавен обвинител експресно ѝ ги одзедоа предметите на Ристовска – токму во момент кога тие беа во завршна фаза, а таа беше принудена да се повлече поради политички притисоци. Така работи ВМРО-ОКГ.

Ова е класично сценарио на ВМРО-ОКГ – кога правдата се приближува, се менуваат правилата, се отстрануваат обвинители и се прават обиди предметите да се развлекуваат, застаруваат или сокријат.

СДСМ ја поддржува независната и професионална работа на обвинителите и инсистира на целосно расчистување на сите случаи.

Граѓаните заслужуваат правда, а не заштита на партиски криминал и „Бели палати“ градени со сомнителни пари.

Имаме порака: Нема застарување за криминал и корупција. Сите ќе одговарате!