Мицкоски закасни со мерките– граѓаните ја платија цената

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерките и граѓаните ги остави сами.

Сега дојде до тоа да почна да прифаќа дел од мерките на СДСМ ама многу многу доцна.

Цел месец помина, цените поскапеа, животниот стандард драматично опадна, лебот, зејтинот, јајцата, брашното, млекото, месото, овошјето, зеленчукот доматите, се е поскапено.

Горивата исто така драстично пораснаа, што дополнително ги крева сите останати цени.

Ако мерките на СДСМ беа веднаш, навреме прифатени, немаше да има ценовен шок.

Граѓаните ја платија цената затоа што Мицкоски штитеше бизнис интереси наместо да им излезе во пресрет на граѓаните.

Празни џебови и празни фрижидери, тоа е реалноста денеска.

Мицкоски нема капацитет а нема ниту знаење.

Наместо половични, дел по дел прифаќање на мерките, Мицкоски да ги прифати сите мерки на СДСМ во интерес на граѓаните.

Укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, намалување на ДДВ за горива на 5%, намалување на акцизите за горива, намалување на цените на патарините, зголемување на државните резерви на нафта.