Соопштение за јавност
Не можете да ги убедите граѓаните дека фрижидерите не им се празни, му порача претседателот на СДСМ и пратеник, д-р Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски во реплика на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата. Филипче посочи дека СДСМ во најголемите кризи водеше грижа за граѓаните, а не како сегашната влада на ВМРО која што не се грижи за граѓаните, туку за своите тендери.
Во продолжение е интегрален текст од репликата на претседателот Филипче:
„Сакате да ги убедите граѓаните дека фрижидерот не им е празен. Не може ги убедите. Тие ќе го кажат гласот на следните избори -се слагам. Ако кажувате дека ги потсеќаме на нешто што било лошо, па не се жалете, тоа е добро за вас. Еве одлично е. Јас ги потсетувам како било во наше време, како е сега во ваше време. Еве во делот на одговорот во којшто вие не сте премиер, сте обично уредник на таблоид, на жолт печат. Тендери, тоа вас ве интересира сега, само вашите тендери на блиските луѓе до вас, бизнисот со струја. Се е тоа сега во овој момент, и никаква грижа за граѓаните, ниту за иднината на државата. Подгревање на меѓунационални, меѓуетнички тензии, блокирање на европскиот пат. Така држава не се води. Тоа луѓето што седат овде околу вас го знаат, тоа и го коментираат кога не сте тука. Да знаете, има неистомисленици со вас. Така што граѓаните гледаат, знаат како живееле во тоа време, знаат како живееле во ова време. На некој следен изборен циклус ќе го кажат својот глас. Ваква влада ние не заслужуваме“.


