Соопштение за јавност
Граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки цени и празни фрижидери.
Јајцата и јагнешкото месо се прескапи, трпезите пред Велигден се поскромни од кога било, а семејствата едвај врзуваат крај со крај. Наместо конкретни мерки за намалување на цените и заштита на стандардот, ВМРО ОКГ нуди – дефокус, сега со Дака.
Сите знаат дека Божиновска ја стави фирмата на Дака во бизнис план за енергетика на Владата на Мицкоски. И ВМРО ОКГ и Николовски за Дака велат дека „исполнети се сите услови“ – и тоа за човек кој е на црна листа на САД и за кој постојат сомнежи за врски со руски структури.
Нема бегање сега со измислици.
Дефокусот со Дака не го полни празниот фрижидер, не ги полни трпезите и празните џебови.



