fbpx

Средба на Шекеринска со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска беше на работен доручек со делегација на Кралството Холандија, предводена од министерот за надворешни работи, Берт Кундерс.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија како и за мигрантската криза.

Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ започна политичката криза во Македонија. Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи, рече заменик претседателката на СДСМ Шекеринска.

Шекеринска на средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија истакна дека СДСМ инсистира на целосно исполнување на обврските од Договорот од Прижино и додаде дека без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не можат да се спроведат фер, демократски и слободни избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку медиумска кампања да ги дискредитираат независните институции коишто произлегоа од тој Договор. Ние веруваме во правдата, во еднаквоста на сите пред законите, рече Шекеринска.

Во однос мигрантската криза Шекеринска истакна дека потребни се системски решенија и поддршка за Македонија.

 

Скопје, 14.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести