Агрон Демири, член на ИО на СДСМ, во гостување во емисијата „Клик Плус“ рече дека застојот во евроинтеграциите директно им штети на граѓаните и идните генерации, нагласувајќи дека станува збор за прашање од витално значење за државата.
„Зошто две години не се зборува за евроинтеграциите? Целосен застој. Кој губи? Губат само граѓаните и генерациите што доаѓаат. Затоа е потребен притисок од сите, од опозицијата, од општеството, но особено од експонентите во власта и од албанскиот партнер во Владата. Нема повеќе оправдувања. Премиерот мора да одговори и да делува. Личниот политички рејтинг не смее да биде изговор за молчење за клучни теми, како евроинтеграциите, затоа што евроинтеграциите се неопходност, а не само опција,“, истакна Демири.
Демири се осврна и на прашањата поврзани етничките теми, нагласувајќи дека во текот на седумгодишното владеење на СДСМ, етничките прашања не биле секојдневна политичка тема, што, покажува дека со политичка волја тие можат да се третираат одговорно и со зрелост.
„Загрижувачки е што секогаш кога ВМРО не успева во клучните политики, економијата, надворешната политика или капиталните инвестиции, повторно ги отвора етничките теми за да го одвлече вниманието на јавноста. Овој пристап треба јасно да се осуди, бидејќи го нарушува општествениот кохезија и го попречува решавањето на реалните проблеми на граѓаните“, заклучи Демири.
