Мицкоски излажа за полските функционери, намерно одолговлекува со барањето ектрадиција на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски повторно излажа. За поранешните полски функционери рече дека немаат добиено азил и затоа Полска побарала нивна ектсрадиција од Унгарија веднаш.

Вистината е сосема спротивна. Не само поранешниот полски министер за правда кој добил азил во 2026 година, туку и неговиот заменик, Романовски, добил политички азил во Унгарија – во декември 2024.

Очигледно Мицкоски сведно лаже за да го прикрие непостапувањето на неговата Влада.

Полска веднаш покрена постапки и барања за враќање на овие лица за да се соочат со правдата, што значи дека институциите таму активно постапуваат и не дозволуваат одолговлекување.

А во Македонија гледаме спротивна слика. Владата предводена од новиот Ванчо Михјалов во ВМРО, Христијан Мицкоски, не прави ништо и нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

Груевски нема да добие азил во Турција, но веќе преговара за други опции, како Русија и Белорусија. Во исто време Гордана Сиљановска и Тимчо Муцунски се токму во Турција.

Очигледно Мицкоски му купува време на Никола Груевски за ново бегство и спас од соочување со правдата.