Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност.

“Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја
и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина”, вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/share/p/1DrqwxnPU2/