Соопштение за јавност
Ивона Талеска и Драган Павловиќ-Латас повторно се на сцената – како во најцрните времиња на Груевски.
Тие се директно задолжени за уредувачката политика на целата Орбанова медиумска мрежа во Македонија и за кампањата на ВМРО-ОКГ.
Латас е посебно задолжен за анти-ЕУ кампањата и за ширење на дезинформации против европскиот пат на земјата.
Уште од поранешните денови, овој соработник на тогашната УДБА беше задолжен за палење на Американската амбасада, а денес соработува со БИА и е задолжен за промоција на руските интереси и создавање на меѓуетнички тензии.
Ивона Талевска, која уште од врската со него има задача јавно да настапува преку Орбановата телевизија и нивното приватно здружение, ги штити интересите на своите соработници во рамките на ВМРО-системот.
Паниката поради падот на Орбан и почетокот на истрагите во рамките на медиумската мрежа во Унгарија, како и запирањето на финансиите од Будимпешта, влегува во последна фаза – хистерија.
Со падот на Орбан, сметка на телевизијата е веќе блокирана за 100.000 евра, а се очекува дека наскоро и останатите фирми во рамките на медиумскиот октопод ќе бидат опфатени.
Мицкоски сега е принуден самиот да го финансира медиумскиот систем со пари од буџетот на државата, со пари на граѓаните на Македонија.
Затоа и во 2024 година го изменија Законот за медиуми, за да можат легално да префрлаат пари од буџетот до медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и притоа да вршат притисок врз независните медиуми.
Оваа нервоза ја натера Ивона Талеска јавно да се однесува како ПР на Христијан Мицкоски и криминалната организација ВМРО, иако неофицијално тоа и е.
Така, на пример, Ивона Талеска веќе знае што пишува во кривичната пријава што СДСМ ја поднесе, а истата сè уште не излегла од архивата на обвинителството до надлежен обвинител.
Како Талеска ја знае содржината на кривичната пријава пред Обвинителството воопшто да ја види?
Дали и таа, како премиерот Христијан Мицкоски, „има чувство“ што се наоѓа во кривичните пријави пред тие да стигнат до обвинителите?
Или некој однапред Ви ги доставува информациите?
Слободата на медиумите не значи слобода за перење пари, и никако не значи слобода да се уништуваат судбините на граѓаните на Македонија.
Не значи слобода за анти-европска пропаганда, изолација на земјата и злоупотреба на новинарската професија за тесно-партиски цели.
Во слободата на медиумите е убавината на демократијата, но вие автократите иако тоа многу добро го знаете, воопшто не го сакате.
СДСМ ќе продолжи да инсистира на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!



